Италија праќа 30 лекари на помош во Словенија
Во Словенија и денеска продолжуваат драматичните предупредувања од медицинските установи дека Ковид-одделенијата се преполни.
Предупредуваат дека кризата со четвртиот бран од корона вирус ќе продолжи ако поголемиот дел од популацијата не се вакцинира.
На одделенијата за интензивна нега во Клиничкиот центар во Љубљана состојбата е критична и во нив се лекуваат 80 болни од Ковид-19 во критична состојба опасна по живот, од кои повеќето на респиратор, што е најголем удел на критични случаи од почетокот на епидемијата.
За контрола на оваа епидемија неопходна е поширока имунизација на населението и ако тоа не го постигнеме, тогаш од еидемијата нема да се ослободиме ни до 1 мај, нагласи Тања Лејко Зупанц раководител на Инфективната клиника.
Во Словенија во последните 24 часа, потврдени се 3.662 нови случаи со корона вирус, а починаа уште 23 лица, со што вкупно досега починале точно 5.000 Словенци.
Во болниците има 1.104 пациенти, а на интензивна 253.
Италијанската војска планира да прати до 30 лекари и медицински сестри во Словенија , во моментот кога оваа земја се бори со зголемен број пациенти од Ковид-19.