Италија: Поплави, силен ветер на север и пожари на југ


Централниот и северниот дел на Италија ги зафати невреме со силен ветер, обилни врнежи и молњи, а реките и потоците надојдоа преку ноќ се излеаја од коритата и поплавија патишта, куќи и подруми.

Во туристичкиот камп „Маша Марина“, на брегот на Тиренското Море, ветерот собори дрво високо четири метри кое падна на шатор во кој било петчленото семејство. Тригодишно девојче починало на самото место, а две постари ќерки се повредени. Според некои медиуми, починало и 14-годишно девојче.

Во Милано, силен ветер однесе кров на зграда за стари лица, нивото на водата на локалните реки е под постојана контрола поради опасност од излевање, а во северната провинција Венето се бара еден млад човек кој исчезнал откако се излеала локална река.

Во Верона и околината, според изјавата на конзорциумот на земјоделски производители „Колдироти“, обилните дождови со ветрот „предизвикале непроценлива штета на земјоделството“.

И додека северот на Италија е погоден од силни ветрови, дожд и надојдени реки, на Сицилија горат пожари. од вчера голи голем дел шума. Поради високите температури и силниот јужен ветер, пламенот се прошири на површина од околу илјада хектари.

На Сицилија летните пожари се честа појава и во повеќето случаи се подметнати, бидејќи откако пожарот ќе ги уништи шумите, се шпекулира со земјиште што се претвора во плантажи или за изградба на туристички одморалишта.