Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ бележи 10 години постоење
Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при Македонската академија на науките и уметностите бележи 10 години постоење.
По тој повод, како што е најавено, денеска во 10 часот во амфитеатарот на МАНУ ќе се реализираат неколку активности. Предвидени се обраќања на претседателот на МАНУ, Живко Попов и раководителот на ИЦКН „Цветан Грозданов“, Вера Битракова Грозданова.