Истрага за силување во Елисејската палата

Франција- Жена припадник на армијата која е на служба во Елисејската палата, обвини свој колега дека ја силувал во јули. Обвинетиот ставен под статусот на помогнат сведок во рамките на истрагата, јави дописникот на МИА.
Делото наводно се случило во просториите на воениот персонал на Елисејската палата на 1 јули оваа година.
Истрагата е во тек.