Исчезната тинејџерка од САД спасена е со помош на гест од „ТикТок“
Полицијата во Северна Каролина спаси исчезната тинејџерка откако со рака сигнализирала повик за помош кој е популарен на социјалната мрежа „ТикТок“, а со кој се означува насилство дома, објави полицијата.
Девојчето на возраст од 16 години од Ашвил исчезнала во вторникот, пријавиле нејзините родители. Мотоцикл од кентаки во четвртокот повикал 911 откако девојката ја видел во возилоп на пат.
„Пријавата стигна од лице кое се се наоѓало во возилото назад. Забележано е женско лице на совозачко место кое со рака повикува на помош со гест кој е познат на социјалната мрежа „ТикТок“, а кој означува „насилство дома – ми треба помош – насислтво во семејството“, објави полицијата во петок.
Повикот за помош се прави со една рака и тоа со дланката свртена нанадвор, а потоа палецот на таа рака се свиткува навнатре и потоа со прстите се затвора палецот.
Полицијата за Си-ен-ен вели дека тинејџерката ова го научила од „ТикТок“. Лицето кое повика 911 останало зад возилото десетина километри пренесувајќи ѝ информации на полицијата, која го сопрела возилото и ја спасила тинејџерката.
Осомничениот првично ја однел 16-годишната девојка од Северна Каролина во Охајо, каде имал роднини/ Го напуштиле Охајо откако неговите роднини дознале дека таа е малолетна и дека е пријавено нејзино исчезнување.
„Не знам колку долго знакот им го покажував на возачите, но некој конечно тоа го препозна“, додаваат од полицијата.
Полицијата го уапсила мажот и го обвинила за противзаконско затоврање и искористување малолетник за секс.