Исчезна 11-годишно девојче од Грција – активиран Амбер алерт


Организацијата „Насмевката на детето“ активира тревога поради исчезнување 11-годишно девојче од селото Миртија во областа Илија во западниот дел на Грција.

За исчезнувањето на девојчето денеска била информирана организацијата и веднаш, по наредба на обвинител, бил активиран механизмот за тревога „Амбер“ бидејќи постојат причини да се верува дека нејзиниот живот е во опасност, јавуваат грчките медиуми.

Василики Николопулу (11) исчезнала во неделата вечерта во 21.10 часот.

Василики има кафена коса и кафени очи, висока е 150 сантиметри.

На денот на нејзиното исчезнување носела бел фустан и бели влечки.

Секој што има информации за девојчето се замолува веднаш да ја извести организацијата или да се обрати во полиција.