Ирците планираат воведување четиринеделен карантин
Највисоките ирски здравствени функционери препорачаа до владата да воведе втор национален карантин во земјата во траење од четири недели, за што владата треба да расправа во понеделник, велат два владини извори.
Посебен ирски тим од Заводот за јавно здравство препорачува ограничувањата поврзани до Ковид-19 да се подигнат на 5-то ниво од сегашното второ, во 24 од 26 ирски окрузи и од трето на петто ниво за Даблин и за Донегал.
Владата речиси во потполност ги прифати нивните совети во текот на пандемијата, но еден од изворите вели дека враќањето на карантинот би имал сериозни стопански и општествени последици.
Премиерот Мајкл Мартин и челниците на двете коалициски партнерски партии ќе се состанат со главните здравствени претставници во понеделник пред власиниот состанок, за да расправаат за препораките.
Ако се одлучи нивото на заштита да биде петто, тогаш ќе се побара од жителите да останад тдома, освен за вежбање во радиус од 5 км од домот, а отворени ќе бидат само маркетите за основни потреби. За разлика од првиот карантин градинките и училиштата не би се затвориле.
Како и повеќето земји од Европа и Ирска бележи зголемување на бројот заразени од крајот на јули, откако полека излегоа од еден од најтешките карантини во Европа.