Иранскиот парламент донесе одлука да го затвори теснецот низ кој минува една четвртина од светската нафта


Бидејќи американската територија не е во дострел на иранските балистички ракети, на Иран му останува опцијата да го блокира Ормутскиот теснец и да блокира 20 проценти од светската нафта како контраудар, што ќе ги крене цените на барелите во стратосферата.

Иранскиот парламент одлучи по нападот на САД врз нуклеарните постројки дека Ормускиот теснец треба да биде „затворен“, според иранската Прес ТВ.

Државната телевизија ги припиша коментарите на генерал-мајор Ковсари, член на Комисијата за национална безбедност на иранскиот парламент, кој исто така наводно рекол дека „конечната одлука“ е на Врховниот совет за национална безбедност.