Иранци со лажни пасоши од Бразил и Белгија слетале на аеродромот во Скопје
Во средата, во 11.30 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници ги лишиле од слобода С.Ј.(47), Р.Г.А.(48) и еден малолетник, тројцата од Иран.
При извршена гранична контрола и проверка било констатирано дека лицата на увид дале фалсификувани патни исправи од Белгија и Бразил, а поседувале и оштетени ирански патни исправи.
Лицата биле предадени во Одделението за преку граничен криминал миграции странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.