Инспекторатот за јазици ќе биде под Министерство за правда, за да може да земат плата


Денеска премиерот Христијан Мицкоски заедно со првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити реализирале средба со директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи и дел од вработените, со цел Владата да изнајде решение за исплата на заостанатите плати на вработените во горенаведениот Инспекторат кои веќе 5 месеци не земале плата.

Одлучено е Инспекторатот за употреба на јазиците ќе биде под надлежност на Министерството за правда. И по усогласувањето на законот за Инспекторат за употреба на јазици со Законот за организација и работа на органите на државната управа што веќе еден месец се наоѓа во собраниска процедура ќе им се овозможи на вработените да земаат плата, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.

– Бидејќи ова е прашање поврзано со Бадентер, очекуваме сите политички партии во Собранието да постапат рационално и конструктивно, без блокади и без обиди за политичка злоупотреба на ова прашање, кое директно ја засега егзистенцијата на семејствата на вработените во Инспекторатот – вели Мицкоски.

Понатаму ќе се состави работна група и ќе се направи конечна реорганизација на инспекторат со неговите надлежности.