Инсајдер од Кремљ призна дека има „тешкотии“ во војната во Украина


 

Уште еден глас во Кремљ глас призна дека има „тешкотии“ во војната со Украина, која Русија ја нарекува „специјална воена операција“.

Но, Рашид Нургалиев, заменик секретар на Советот за безбедност на Владимир Путин, инсистираше на тоа дека Русија ќе ги постигне своите цели – вклучително и „денацификација на Украина“.

Тоа уследи по забелешките на пензионираниот полковник и воен аналитичар на руската телевизија во ударните термини претходно оваа недела, во кои Михаил Ходаренок предупреди „ситуацијата [за Русија] очигледно ќе се влоши“.

„Ние сме во тотална политичка изолација и целиот свет е против нас, дури и ако не сакаме да го признаеме тоа“, рече Ходаренок додека гостуваше во водечкото ток-шоу „60 минути“.

Рускиот совет за безбедност денеска одржува состанок со речиси 100 амбасадори во странство на кој ќе се разговара за заканите од „затворените лаборатории“ и „неонацизмот“.

Нургалиев им рече на собраните амбасадори: „И покрај сите постоечки тешкотии, специјалната воена операција ќе биде завршена – додека нејзините цели, вклучително и оние кои се однесуваат на демилитаризација и денацификација на Украина, [и] одбрана на Народна Република Доњецк и Луганската Народна Република ќе биде спроведена во целост“.

Неговите изјави ги пренесе руската новинска агенција Интерфакс.