Инџиковец си запалил стрниште, инспекторите го повикаа на разговор

Дежурните инспекциски служби на општина Гази Баба влера попладнето продолжија со вонредните еколошки патроли.
Вчеравечер е утврдено намерно палење на стрниште во Инџиково кое значително го загадуваше амбиенталниот воздух на овој дел од општината.
Утврден е сопственикот на земјиштето и истиот е повикан на разговор во Секторот за инспекциски работи на општина Гази Баба.
Апелирам до земјоделците да не вршат спалување на стрништата по вршење на жетвата. Сите вакви и слични појави ќе бидат санкционирани – вели градоначалникот Бобан Стефковски.