Индиец потроши 4 илјади долари за златна маска, единствена во светот


Индија-Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде потроши 4 илјади долари за маска од злато за да го заштити од коронавирусот.

Маската која тежи 60 гр. (2 унци) е работена по нарачка и на работниците им требаше да ја завршат за осум дена.

Бизнисменот е познат по носење на масивен златен накит- алка, ѓердан и прстени на сите прсти од десната рака.

Во Индија се регистрирани над 650 илјади заразени од короната, а починале 18, 600 пациенти.