Имаат највисок данок на книги во светот – сега го укинуваат

Данска планира да го укине највисокиот данок на книги во светот во обид да ги охрабри луѓето да читаат повеќе.
Данокот на книги во Данска е 25 проценти, а владата верува дека таквата политика придонесува за растечката „криза на читање“.
Министерот за култура Јакоб Енгел-Шмит објави дека владата ќе предложи во својот буџетски план да го укине данокот на книги, што ќе ја чини земјата 330 милиони дански круни годишно, пишува Гардијан.
Енгел-Шмит рече дека верува оти мора да се преземат ризици за да се стави крај на кризата со читање што се шири во последните години.
„Неверојатно сум горд. Не се случува секој ден некој да успее да ги убеди колегите дека толку огромна сума пари треба да се инвестира во потрошувачката и културата на Данците“, рече министерот.