Им зел речиси 13.000 евра за да ги лечи од болести

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ш.М.(42) од Кочани поради основано сомнение за сторено кривично дело „измама”.
Во периодот од август до ноември лани, пријавениот во Штип лажно се претставувал и довел во заблуда две лица дека лекува болести. Тие му дале пари, злато и мобилни телефони и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 788.200 денари.