Им се заканиле со нож во Градскиот парк и ограбиле девојче и момче тинејџери
Две лица под закана со остар предмет ограбиле 13-годишна девојка, а потоа еден однив го натепал нејзиниот 14-годишен другар кој бил со неа.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (03.12.2025) во 19:00 часот во СВР Скопје, И.М.(55) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк во Скопје, две лица со закана со остар предмет одзеле пари на неговата 13-годишна ќерка, а потоа едно од лицата физички го нападнало нејзиниот 14-годишен другар, кој бил со неа.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.