Илон Маск станува одметната држава од еден човек

Тој финансираше избори, поттикна немири и ги игнорираше законите. Не смееме да направиме грешка да си играме фино со најбогатиот насилник во светот


Илон Маск е, повеќе или помалку, одметната држава. Неговите намери се себични и подли, а неговите ресурси на ниво на национална држава му дозволуваат неказнето да го прекршува законот. Да се ​​стави во контекст, ако доларите беа метри, парите на Маск ќе беа доволни за да го однесат на Марс и назад, додека обичен милионер може да направи само патување од Париз до Амстердам и назад.

Чистиот неморал на која било личност што поседува толку многу богатство е очигледна за повеќето луѓе со основни количини на емпатија. Но, кога станува збор за Маск и другите 14 луѓе вредни повеќе од 100 милијарди долари, моралноста е речиси секундарна грижа. Нивното индивидуално богатство е закана за демократијата што го нарушува општеството на ист начин како што економијата отсекогаш признавала дека монополите се опасни за функционалниот пазар.

За 250 милиони долари директна поддршка – и дополнителни 44 милијарди долари за контрола врз Икс, роден како Твитерr, а со тоа и алгоритмот зад она што 300 милиони корисници го гледаат на нивните временски линии – Маск беше награден со копретседателство. Што друго треба да кажеме околу неговото појавување на повторното отворање на Нотр Дам, придружувајќи им се на Доналд Трамп и на различни шефови на држави?

Вреднувањето на Икс може да опаѓа толку брзо како и бројот на неговите корисници, но тоа ја промашува поентата што стои зад купувањето. Икс ја исполни својата цел помагајќи да се избере Трамп, при што една студија сугерира дека алгоритмот на платформата е изменет за да ги поттикне конзервативните косрисници. Тоа дека акциите на „Тесла“ се зголемија за повеќе од 40 отсто од изборите, сигурно нема многу врска со основите на компанијата и туку многу со инвеститорите кои шпекулираат за невиден пораст на нејзиното богатство. „Тесла“ и „Спејс икс“ прераснаа во џинови на грбот на јавните договори и јавните субвенции, а од xAI до Neuralink, другите негови компании ќе имаат корист од внатрешното влијание на Маск врз регулативата.

Меѓутоа, плутократијата не е доволна, бидејќи ништо не е доволно за неколкумина луѓе кои имаат сè. Новите опсесии на Маск (надвор од валидацијатаи човечката наклонетост што тој погрешно верува дека ќе ги најде на социјалните мрежи) ги напаѓаат јавните службеници, ги намалуваат социјалните трошоци и јурат по најранливите. „Во повеќето случаи, зборот ‘бездомник’ е лага“, напиша неодамна Маск на Твитер. „Обично е пропаганден збор за насилни зависници од дрога со тешка ментална болест“.

Најмногу добротворна интерпретација е дека Маск постои на различни точки долж „Скалата Данинг-Кругер“ (илузија на супериорноста – н.з.). Тој е фантастичен ризичен капиталист, чии инвестиции на научно-фантастични инвестиции создадоа, да бидеме искрени, многу поинтересни компании од нешто како луксузна стока или брза мода. Но, ова му обезбеди непроценливо повеќе ресурси за да биде блесав морон кога станува збор за работи како што се геополитиката или како да се изгради и организира праведно општество. Помалку добротворното толкување – она ​​што го претстави неговиот поранешен пријател Сем Харис на неодамнешното појавување во подкаст – е дека тој е „очигледно, видно пореметен… шмрка кетамин и твита во сите часови од денот и ноќта“, е радикализиран од неговите алгоритам и се претставува како Тони Старк (фиктовен карактер од стриповите на Марвел – н.з.) додека всушност е Доктор Ивл (карактер од филмовите на Остин Пауерс – н.з.).

Но, бидејќи плутократијата и следењето радикална социјална агенда во САД сè уште не се доволни, Маск ги насочи своите погледи и кон другите држави. Во текот на изминатата половина година, тој ги прогонуваше италијанските судии кои го блокираа планот за притвор на мигранти, промовираше дезинформации и поттикнуваше немири во Велика Британија, ја покрена можноста за директно мешање во изборната политика на Британија со давање на партијата на Најџел Фараж 100 милиони долари и упорно го игнорираше законот на ЕУ во врска со умереноста на содржината и дезинформациите за Икс.

Кога одметнатите држави се однесуваат на овој начин – мешање во изборите, активни кампањи за дезинформации, манипулации со социјалните медиуми – другите држави ги прозиваат, па дури и воведуваат санкции. Маск не е едноставно приватен граѓанин со мислење и голем број следбеници. Неговото чисто богатство, неговата контрола над Икс и неговата нова позиција во американската влада го ставаат во друга категорија. Па, како да го решите ваквиот вид проблем, или барем да одговорите на него?

Колегите милијардери на Маск го избраа патот на смирување, ако не и на отворен ентузијазам, правејќи аџилак во Мар-а-Лаго за да се поклонат пред кралот на идиотите и човекот зад завесата. Нема вистинско изненадување таму. Она што е уште поизненадувачко е што истакнатите новинари и големите медиумски организации го направија истото, поттикнувајќи ја кампањата на Трамп за замолчување и заплашување преку тужби, како што е неговата последна против весникот „Де Моан регистер“ затоа што објавил анкета што не му се допадна.

Популистичкиот премиер на Онтарио, Даг Форд, има потенцијално поефикасна стратегија за справување со насилниците – барем реторички. „Ќе одиме до степен да им ја прекинеме енергијата, да слеземе во Мичиген, да слеземе во државата Њујорк и до Висконсин“, рече Форд како одговор на исмевањето на Трамп за правење на Канада 51-ва држава на САД и воведување царини. Слично на она, кога бразилскиот врховен судија Александре де Мораес одби да се повлече и ги третираше компаниите на Маск како единствен универзум – замрзнувајќи ги средствата на „Старлинк“ и наредувајќи им на телекомуникациските провајдери да го блокираат пристапот до Икс – Маск трепна.

Наскоро на ред ќе дојде ЕУ. Она што Унијата им го должи на своите граѓани е да не игра убаво или да не удри кротка шлаканица врз зглобот во врска со разните наводни законски прекршувања од Маск и икс кои се под истрага, туку цврсто и внимателно да покаже дека дури и меѓупланетарните количини на богатство не значат неказнивост и дека некои работи – како демократијата – не се на продажба.

(Александар Херст е писател од Франција и предавач на Sciences Po, Парискиот институт за политички студии. Текстот е објавен во „Гардијан“.)