Илјадници протестираа во Истанбул поради високите трошоци за живот
Илјадници луѓе денеска учествуваа на протестот во Истанбул против поскапувањето и за поголема социјална правда, објави опозицискиот весник „Џумхуриет“.
Протестот, повикан од синдикатите и граѓанските организации, се одржа на азиската страна на најголемиот турски град. Турските власти по правило не го објавуваат бројот на учесници на протестот.
Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Работа, леб, слобода“. „Едвај врзуваме крај со крај“, изјави демонстрантот Фатих Курт за новинската агенција АНКА, која е блиска до опозицијата. Сакаме да живееме достоинствен живот“, рече друг демонстрант.
Според официјалните податоци, Турција моментално се справува со годишна стапка на инфлација од околу 30 проценти.
Независната истражувачка група Енаг тврди дека годишната стапка на инфлација во октомври била околу 45 отсто.
Минатата недела илјадници луѓе излегоа на улиците на Истанбул за да протестираат против затворањето на многу опозициски медиуми.