Илјадници Полјаци протестираа поради смртта на трудница: „И нејзиното срце чукаше“
Илјадници Полјаци се собраа во саботата во десетина градови низ земјата во знак на протест против правилата за прекин на бременост, откако смрт на една трудница повторно ја отвори темата.
Пресудата на полскиот уставен суд дека абортусот врз основа на деформации на плодот е противуставен на сила е од јануари годинава, откако дојде до речиси целосна забрана на абортусите и големи протести.
Денеска протестираа во десетина градови меѓу кои и Пштина, градот каде почина трудницата, носеа свеќи и транспаренти на ко пишуваше „Ни една повеќе“ и „Индиферентноста е соучество“.
Активистите велат дека смртта на 30-годишната Изабела во 22 недела од бременоста е токму резултат на таа пресуда. Семејството вели дека трудницата починала од септички шок.
Лекарите одбиле да направат абортус
Изабела во септември дошла во болница во Пштина откако и пукнал воденикот, раскажува семејството. И поранешниот ултразвук покажал многу деформитети кај плодот, но лекарите одбиле да направат абортус се додека фетусот има отчукувања на срцето.
Кога неговите срцеви отчукувања престанале, одлучиле со царски рез да ја породат Изабела, но нејзиното срце престанало да чука на пат кон операционата сала и починала без оглед на обидите за реанимација.
„И нејзиното срце чукаше“, бече еден од најчесто видените транспаренти денеска.
„Законот против аборутс во Полска убива Полјачки. Тоа е сурово, тоа е застрашувачко“, вели една жена на протестот во Пштина.„ Тоа е нехумано и се надевам дека оваа ситуација на некој начин ќе придонесе повеќе да не умираат Полјачки“.
Владата соопшти дека не е одлуката на судот виновна за смртта на младата жена, туку лекарска грешка.
Министерот за здравство вети дека ќе издаде насоки во кои случаи абортусот е легален.