ИКЕА ќе произведува медицински маски
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2020/03/Socijalna-distanca-vo-vreme-na-koronavirus-1-bg_resize.jpg)
Шведска – Шведската компанија ИКЕА ќе започне производство на заштитна опрема за болнички работници, кои се на најголем удар во борбата против новиот коронавирус.
Конкретно станува збор за изработка на медицински маски и престилки.
Според Хенрик Елм, менаџер за набавки на компанијата, ИКЕА се соочува со одложување на испораката поради ширењето на коронавирусот во Европа и САД и затворањето на границите меѓу државите.
– Сепак компанијата беше подготвена и успеа да ги намали последиците од воведувањето на ограничувањата, доставувајќи производи во магацини на различни места, истакна Елм.