Игор Југ сакал да го убие Зоран Заев
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2024/01/27-april.jpg)
Откако почина Игор Југ додека издржуваше затворска казна за делото „Терористичко загрозување на уставниот поредок“ за настаните од 27 април 2017 година, се евоцираа спомени за него од периодот кога тој упадна во Собранието како и за неговото однесување додека траеше судскиот процес за него и за останатите обвинети за истото дело.Во едно од тие сеќавања, на адвокатот Дераган Пешевски, се наведува дека Игор Југ и во суд му се закануваше на екс премиерот Зоран Заев.
Иако има варијации на тие постапки и вербални закани, во суштина, на едно од рочиштата додека сведочеше тогашниот премиер Заев, Југ во одговор изрази закана по неговиот живот.
На сведочењето, според сеќавањето на адвокатот, Заев рекол дека Игор ја држел раката позади како да држи пиштол, сакал да го убие, се приближил на неколку метри од него и се предомислил. Следуваше прашање од Игор зошто се предомислил на што Заев му одговорил дека се исплашил.
На тоа, според извори присутни на рочиштето Игор Југ возвратил со зборовите:
„Судија, поради тоа што сведокот кажа дека сум се исплашил кога сум дошол на неколку метри до него, би ве замолил ако може да не соочите на неколку метри да му покажам колку се плашам“, по што судијката го опоменала, констатирајќи дека тоа е закана за убиство.
Според исказите на сведоците за време на процесот, критичната вечер на 27 април, Игор Југ со себе носел пиштол и требало да пука во Заев.
Подоцна во повеќе наврати, Југ на социјалните мрежи пишуваше дека бил „наместен“ за настаните на 27 април од највисоки личности во ВМРО-ДПМНЕ.