Идентификувани првите жртви на масакрот: Амери Хо пред две недели наполнила 10 години


 

Неколку часа по масакрот во основното училиште во Тексас, САД почнаа да пристигнуваат информации за жртвите. Полицијата потврди дека убиени се 19 деца и двајца возрасни, а неколку деца се тешко ранети.

Медиумите јавуваат дека се идентификувани првите жртви.

Усија Гарсија (8)

Усија Гарсија е осумгодишник кој е убиен во нападот, потврди неговото семејство.

„Најслаткото дете кое некогаш сум го познавал“, вели неговиот дедо Мани ренфро за Асошиејтед Прес. „И не го велам тоа само затоа што ми беше внук“, додава тој.

„Почнавме да играме американски фудбал, а јас го учев додавање. Беше многу брз и можеше многу добро да ја прифати топката. Вежбавме различни потези и тој сѐ добро запамти“.

Шавиер Хавиер Лопез (10)

„Тој беше дамо 10-годишно момче полно љубов кој уживаше во животот, без каква и да е идеја за тоа што ќе се случи денеска. Беше вистински веселко, постојано се шегуваше, сакаше да танцува со своите браќа, со својата мајка. Ова е многу тешко за нас“, рече роднина на Шавиер.

Негов роднина за Еј-Би-Си Њус откри дека со мајка му бил во училиштето само неколку часа пред нападот на доделување награди. Мајката тогаш го видела последен пат.

Амери Хо Гарса(10)

Амери Хо пред две недели наврши 10 години, вели незјин ниот татко Анхел Гарсија.

„Ви благодарам на сите за молитвите и помошта во пронаоѓањето на моето бебе. Мојата мала љубов сега лета високо со ангелите. Немојте никогаш ништо да земате здраво за готово со своето семејство. Особено времето кое го поминувате со нив. Прегрнете ги и кажете им дека ги сакате. Те сакам Амери Џо. Чувај го својот помлад брат место мене“, коментира Гарсија за Еј-би-си.

Инаку, во основно училиште во Тексас се случи пукање во кое загинаа 19 деца и двајца возрасни. Пукањето се случило во вторникот во 11.17 часот по локално време (19.18 часот по македонско) во основното училиште Роб во Увалде, мал град во југозападниот дел на Тексас.

Полицијата соопшти дека мртов е и 18-годишниот напаѓач Салвадор Рамос.