ИАТА: Хаосот на аеродромот Хитроу „очигледно е грешка во планирањето“


Лондон – Прекинот во снабдувањето со електрична енергија, што доведе до целосно затворање на лондонскиот аеродром Хитроу „очигледно е грешка во планирањето“ направена од аеродромските власти, изјави шефот на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА), Вили Волш.

– Како е можно оваа критична инфраструктура од национално и глобално значење целосно да зависи од еден извор на енергија, без алтернатива? Ако е така како што изгледа, тогаш ова е очигледна грешка во планирањето направена од аеродромските службеници, објави Волш на Икс.

Најголемиот аеродром во Велика Британија дел ден ќе биде затворен поради избивање на пожар во блиската електрична трафостаница. Тоа сериозно ќе се одрази на воздушниот сообраќај.

Хитроу минатата година беше втор најфреквентен аеродром во светот, а прв беше Дубаи.