И за помилувањата на Сиљановска е виновен СДСМ, вели Мицкоски
Премиерот рече дека случајот со Акиф Равмановски бил од претходната влада „снесен како кукавичко јајце“
Неколку часа пред Комисијата за помилување на претседатлката Гордана Сиљановска-Давкова да поднесе оствака поради скандалот со некои од помилуваните лица, премиерот Христијан Мицкоски за слујчаот на Акиф Равмановски ги обвини СДСМ. Тој им бил подметнат како кукавичко јајце, рече премиерот.
„Тој случај е од минатото, од претходната влада, снесен како кукавичко јајце, коешто треба да имплодира во овој период. Нема да одам чекор понатаму да коментирам и да прејудицирам судски одлуки. Јас сум човек легалист, верувам во презумпција на невиност, но она кое што го знам е дека истото лице веќе доби 30-дневен притвор“, рече Мицкоски.
Опозициската СДСМ се подбиваше со ваквата изјава на премиерот. „Комичните изјави на Христијан Мицкоски во стилот ‘јас не сум од тука’ се показател дека власта е фатена жива како помолува нарко босови и не знае како да се извади за огромниот скандал.
Одлуката за помилување криминалци и нарко босови од кланот ‘Барон’ е донесена и потпишана лично од претседателката Сиљановска-Давкова, на предлог на Комисија којашто самата си ја избрала.
Во стилот ‘не е знајала’ Сиљановска прво се обиде да ја префрли вината на Комисијата. Откако тоа не помина власта го уапси Акиф Равмановски обидувајќи се да го покрие скандалот со помилувањата и да ја намали штетата од катастрофалната одлука.
Фарсата кулминираше денеска со комични изјави на Мицкоски за кукавичко јајце“, реагираа од СДСМ.