И ВМРО-ДПМНЕ нема да ги гласа буџетите за албанска академија


Фото: Б. Грданоски

Премиерот Христијан Мицкоски најави денес дека и советниците на ВМРО-ДПМНЕ во општините нема да гласаат за буџети со кои ќе се финансира работењето на т.н. албанска академија на науките. 

-Како што се информирав од медиумите, тоа е здружение на граѓани. Мојот став е јасен – во Македонија постои една Академија на науките и уметностите. Не сакам парите на граѓаните  да се трошат  за невладини организации туку за инфраструктурни проекти, нови училишта, булевари, спортски игралишта…Веќе реков дека нема да разговарам за теми што поларизираат и етнизираат. Таков буџет советниците на ВМРО-ДПМНЕ ниту имаат намера ниту ќе гласаат, рече Мицкоски.

Сепак тој беше уверен дека ваквиот став нема да ги наруши односите во владината коалиција бидејќи е принципиелен и го кажал одамна.