И Штајнмаер ќе гаси светла за да штеди


За да се заштеди енергија, резиденцијата на германскиот претседател Франко-Валтер Штајнмаер – „Белви“, која се наоѓа во Берлин, ќе се стемни навечер. Досега беше осветлена со специјални лампи.

„Белви“ отсега ќе биде осветлен ноќе само за посети на странски претставници. Во мај беше поставено ноќно осветлување на фасадата на зградата, а околниот простор беше затемнет од безбедносни причини.

Резиденцијата досега добиваше делумно струја од хидроцентрали и од соларните панели лоцирани на покривот на зградата. Администрацијата на претседателот подготвува итен план за тоа како да се зголеми уделот на обновливите извори на енергија и да се префрли системот за греење на геотермални пумпи. Резиденцијата моментално е централно загреана.

Шефот на државата веќе користи лимузини со хибриден мотор, а на вработените им се достапни четири велосипеди, а со текот на времето ќе се зголемува и бројот на еколошки возила.

Минатата недела вицеканцеларот, германскиот министер за економија Роберт Хабек најави нов „пакет за енергетска безбедност“, со кој германската федерална влада сака да одговори на претстојниот недостиг на гас и енергија во есен и зима со нови мерки.