И по Софија Заев и Борисов ќе продолжат да бараат решение
Долгонајавуваната средба на премиерот Зоран Заев со бугарскиот премиер Бојко Борисов не им стави, по се изгледа, крај на недоразбирањата меѓу двете држави. Официјални информации кога се одржала средбата, колку траела и што се разговарало на неа нема се уште, а место тоа стигна порака од извори блиски до Владата дека таа останува посветена на изнаоѓање решение.
Според неофицијалните информации, успешниот состанок на Берлинскиот процес дал позитивен моментум и бил охрабрување.
„По денешните работни средби во Софија остануваме посветени на решение. Тоа е важно за Македонија и за Бугарија. Тие сакаат да има решение, ние исто. Работиме заедно како добри соседи посветени на заедничката европска иднина. Ако имаме позитивно решение тоа ќе биде добро за Македонија, за Бугарија, за цела ЕУ и за цел Балкан. Во спротивно ќе имаме споделен неуспех на сите“, порачуваат извори блиски до Владата.