И на Австралијанците не им е гајле за мерките, излегоа да протестираат


Протестите Black Lives Matters низ Австралија започнаа и покрај можноста да дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата во Сиднеј,  откако судот во овој град застана зад оценката на полицијата дека протестот  претставува преголем ризик за ширење на коронавирусот.

Првиот собир во јужниот град Аделаид се одржа во чест на Џорџ Флојд а како повод да се протестира и против умирањата на домородните Австралијци во притвор.

Таков беше и планот за протестот во Сиднеј, каде што се очекуваше да се соберат илјадници луѓе. Но, Врховниот суд на државата Јужен Велс во петокот донесе одлука дека митингот не е дозволен јавен собир иако се совпаѓа со слични настани во други земји.

„Не ја намалувам важноста на проблемите и никој не би ги негирал во нормални околности“, соопшти судијата. „Никој не го негира тоа, но ние зборуваме за ситуација на здравствена криза“.