И Индија најави вакцина до крајот на годината


 

Индија ќе има своја вакцина против Ковид-19 до крајот на оваа година, рече во саботата министерот за здравство Харш Вардан.

„Еден од нашите кандидати за вакцина против Ковид-19 се наоѓа во трета фаза од клиничкото испитување. Уверени сме дека вакцината ќе биде развиена до крајот на оваа година“, рече министерот, пренесе Си-ен-ен.

„Среќен сум што можам да кажам дека во осмиот месец од битката Индија има најдобра стапка на оздравување од околу 75 отсто. Вкупно 2,2 милиони пациенти оздравеа и си заминаа дома, а уште 700.000 наското ќе бидат излечени“, додаде министерот.

Во Индија пациентите со благи или умерени симптоми не се сметаат за активни случаи по 10 дена од појавата на симптомите ако исполнуваат одредени услови. Тестот за потврда дека немаат вирус не е потребен.

Тешките случаи може да се пуштат дома по еден негативен тест.

Индија има 1.500 лаборатории за тестирање на вирусот.

Таа змеја денеска надмина 3.000.000 потврдени случаи со корона вирус, откако пријави 69.239 нови инфекции, според податоците на министерството за здравство.