И денеска ќе биде многу топло – до 39 степени


Фото: Б. Грданоски

 

Големите горештини продолжуваат и денеска. Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Попладне наместа ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во среда ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени.