И ЦИА не е незаменлива: Франција сега и дава разузнувачки податоци на Украина

Францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну потврди дека Франција понудила да сподели разузнавачки информации со Украина додека Вашингтон ја прекинува разузнавачката соработка со Киев.
„Нашето разузнување е суверено, со нашите сопствени способности. Ова им го пренесуваме на Украинците“, изјави Лекорну.
Претходно, францускиот премиер Франсоа Бајру зборуваше пред француското Национално собрание, осврнувајќи се на ситуацијата во врска со Украина во услови на неодамнешното запирање на американската воена помош. Тој нагласи дека Франција е посветена на собирање на „сите расположливи ресурси“ за да се спротивстави на одлуката за прекин на воената поддршка.
Франција ќе се стреми да ги „собере сите можни ресурси“, заедно со другите европски земји, за да го компензира замрзнувањето на воената помош од САД за Украина, на која ќе и треба муниција, „голем број системи за разузнавање“, како и „пристап до мрежи и поврзување“, рече Бајру.