И Агим Исмаиловиќ ветува: Нема да бегам како Груевски или Мијалков
Агим Исмаиловиќ, еден од обвинетите во „Монструм“ кој доби доживотен затвор, коментираше денес во судот дека нема намера да бега – ако што тоа го сториле Груевски или Мијалков.
„Јас кажувам дека немам ништо со ова кривично дело. Вие решавате и во врска со предлогот за притвор. Ќе ви укажам дека сум бил на слобода три години, и до последениот ден кога бев на слобода, и кога беше даден предлогот за притвор од страна на обвинителството, ви ветив било каква одлука да донесе овој суд, јас нема да бегам и ќе одговарам на секој повик и ќе бидам достапен на законот. Јас нема да бегам како што избегаа Груевски, Мијалков и другите“, рече Исмаиловиќ.