Хрватска е за ограничување на цените на гасот од кого и да се купува


Хрватска се залага за ограничување на цените на гасот што се увезува во Европската Унија (ЕУ), без разлика од кого се купува, изјави денеска во Брисел министерот за економија и одржлив развој Давор Филиповиќ.

Тој учествуваше на вонредниот состанок на министрите за енергетика на земјите членки на ЕУ во Брисел. Тие разговараа за мерките за запирање на растот на цените на енергијата. Според расправата на министерскиот состанок, Европската комисија ќе објави конкретни предлози за борба против раст на цените на енергијата.

– Нагласив дека многу е важно да се ограничат цените на гасот на големо и тоа неважно од кој се купува. Речиси сите држави членки дискутираа на тој начин, појасни Филиповиќ.