Хороскоп: Што велат ѕвездите за денеска


ОВЕН: Неколку стрели целат кон вашето срце: ќе успеете ли да им одолеете? Љубов на прв поглед, силна привлечност и ентузијазам – сето ова ве исполнува со среќа и ја враќа вашата виталност. На професионален план ќе се покажете во добро светло и ќе ја подобрите финансиската состојба: идеален ден за соработка со тимот. БИК: Ова е период исполнет со среќа, бидејќи имате доволно средства и можности да започнете нов циклус и богатсво во својот живот. Интимните врски се продлабочуваат, па така и вашата харизма, динамична сила и енергија. Заинтригирани од сензуални задоволства, ќе се занимавате со мода, пари и патувања.

БЛИЗНАЦИ: Слатки, невини и деликатни, обрнувате големо внимание на комуникацијата и се обидувате да не ги повредите саканите, семејството и пријателите: опуштете се малку, бидејќи од сега натаму работите се менуваат во ваша полза. Подлите луѓе ќе останат во минатото и ќе успеете да се ослободите: следете ја својата интуиција.

РАК: Периодот на потешкотии останува зад вас и сега се наоѓате пред порта низ која што мора да минете: сѐ укажува на тоа дека оттука натаму нема веќе назад. Што се однесува до љубовта, децата или забавата, ќе откриете многу нови моменти, со кои што ќе се регенерирате: се враќа вашата еротска сила и ентузијазам.

ЛАВ: Убава и лесна комуникација, како и добри роднински односи: новости во областа на домот и нови шанси за изучување на некоја духовна тема. Срцето чука со нов ритам и ви се врти во главата поради некоја средба со некоја слатка и невина личност. Надежта се враќа и сега се спремате да летнете на крилјата на среќата!

ДЕВИЦА: Некоја личност од далечните земји ви носи порака или готов продукт кој што ќе се развива и понатаму: сега треба практично да го аплицирате своето знаење, кое што ќе ви се исплати многукратно. Бидете флексибилни, отворете се за љубов, внимавајте на исхраната и организирајте се подобро: одличен период за селење.

ВАГА: Задржете ја менталната стабилност, со тоа што ќе се фокусирате на она што сакате да го постигнете: ако неодамна започнавте реорганизација или селење, сега е време тоа да го довршите, имајќи чувство за баланс и дипломатија. Не наседнувајте на провокации и зауздајте го својот темперамент: вратете го авторитетот!

СКОРПИЈА: Бидете трпеливи: иако точно знаете колку вредите, сетете се дека имате и слаби точки. Тоа не значи дека треба да се фокусирате на нив, туку само практично да ги отстраните: ако имате сметки или долгови, сега е одличен момент да се раздолжите. Најдете време да прошетате или да работите во градината.

СТРЕЛЕЦ: Кошмарните соништа и лицемерни игри остануваат минато: од денес натаму се ослободувате од некоја тешкотија во однос на интерперсоналните односи. Сѐ понатаму ќе биде полесно и водени од убави влијанија, ќе успеете да си ја вратите насмевката: благородни, широкогради и достоинствени, започнувате нови потфати.

ЈАРЕЦ: Се чувствувате како да сте замрзнати и стоите во едно место: се чини дека ништо не ви оди од рака, но не очајувајте. Од денес натаму ќе соберете сила да се збогувате со минатото, да го отфрлите непотребното и да продолжите напред. Верувајте дека работите сега ќе се забрзаат, разберете го светот и љубете повеќе!

ВОДОЛИЈА: Размислувајќи за циклусите на природата и еволуцијата на ѕвездите ќе научите како да ги искористите своите таленти и да ја покажете својата храброст пред другите: со ваквата медитација го враќате чувството за баланс и страсно верувате во она што го работите. Имате поддршка од некоја дипломатска и моќна личност.

РИБИ: Постигнавте самодисциплина и се вложивте сѐсрдно во интимните врски, без оглед на исходот: сега е време да се фокусирате на можните добивки и да продолжите храбро напред, не калкулирајќи отповеќе. Успехот не е далеку и е на само еден чекор од вас. Грижете се за своето здравје, за дневните навики и одморете се повеќе.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]