Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Како стар капетан кој што се лула во столицата на неговата веранда, така и вие мирно следете го развојот на денот и бројте ги облаците или птиците кои што прелетуваат на небото: на тој начин ќе избегнете потенцијална драма, недоразбирање и колапс. Премолчете збор или два и жртвувајте се во име на некоја благородна цел. Се јавува надеж.
БИК: Минувате низ поволен период, во кој што некои фази природно завршуваат: се прашувате дали треба да се борите за својата цел и дали таа цел е суштински ваша? Ако треба да се борите, можеби целта е туѓа и вие веќе знаете дека нема потреба од убедување: ослободете се. Не следете ги модните трендови, туку исцртајте нов крус и напишете нови правила.
БЛИЗНАЦИ: Подгответе се за акција и нешто од голема важност денес, а со што ќе успеете да го вратите доброто расположение, среќа и здравје. Не трошете ја својата енергија на колебање и неспокојство: сите потешкотии се со привремен карактер и веќе доаѓате до крајот на негативните влијанија. Набрзо ќе откриете колку всушност сте биле силни и истрајни!
РАК: Ако мислите дека сте успеале да избегнете од непријатната ситуација без последици, денес ќе се уверите во спротивното, но дали воопшто бевте во такви околности или пак само ги перцепирате како неудобни? Бидете фер и запрашајте се каде лежи одговорот и како можете да си помогнете понатаму: имајте храброст да се соочите со сенките.
ЛАВ: Денес тежнеете кон неортодоксни методи на работа, сакајќи да се соочите на оригинален начин со мистериите на науките: едуцирајте се подобро за да ѝ се обратите соодветно на својата културна ориентација. Секогаш постојат повеќе алтернативи и нема потреба да се однесувате како и останатите: станете лидер или бутовник, но имајте своја причина.
ДЕВИЦА: Погледнете далеку кон хоризонтот и ако успеете да гледате доволно далеку, на крајот ќе се видите повторно самите себе: превземете решение да не се фокусирате на недостатоците на околината, туку на она што ви го говори вашата душа. Таа секогаш ги знае одговорите на подлабоко ниво и ако треба да се убедувате за нешто, не правете го тоа воопшто!
ВАГА: Можеби ќе треба да им се спротивставите на старите авторитети и конечно да ги расширите своите крилја и да полетате, оставајќи го зад себе сигурното гнездо: ако не ја напуштите својата комфор зона, како мислите да напредувате? Животот не е борба за доминација, туку прослава на самото постоење во кое што се стекнуваат искуства и зрелост.
СКОРПИЈА: Од вас се бара да ѝ се прилагодите на секоја ситуација и да бидете практични: одберете ја својата улога и жртвувајте се во име на помалку среќните. Замислете си како седите под своето дрво во својот мирен духовен свет и не трошете ги своите финансии на безумни работи: запрашајте се како можете да им помогнете на пријателите? Бидете нежни.
СТРЕЛЕЦ: Не дозволувајте му на песимизмот да ви го одземе моливот од раката и да напише погрешно сценарио: така работите ќе стануваат сѐ потемни и пострашни. Завртете им грб на оние кои што ве дразнат и ќе успеете да ја вратите својата моќ: сѐ ќе биде онака како што треба да биде, со самото знаење дека вашите потешкотии се веќе при крај.
ЈАРЕЦ: Во последно време се соочувате со некаков вид на потешкотии и тоа со своите најблиски: своите сакани, децата и оние за кои што се грижите. Сфаќате дека условите се менуваат, па така и вие ќе треба да го направите истото за да постигнете сигурност повторно. Не губете нерви, сила и време, туку сменете го односот кон себе: креирајте здрави навики.
ВОДОЛИЈА: Не држете се до својата страна на приказната, туку отворете се кон светот и покажете што сте постигнале досега: дозволете си да поучувствувате, да ги следите другите и да ја смените својата перцепција, намалувајќи ја шансата за конфликт. Што и да посакувате, наметнете се себе си на нежен начин: зборувајте искрено и од срце и ќе успеете.
РИБИ: Прекрасни изненадувања на романтичен план: вести и важни информации, кои што ќе знаете да ги цените! Кога имате намера да се усогласите со надворешниот свет, неизбежно ќе дојдете до среќен исход: откривајќи ја својата важност, ќе сфатите колку се специјални и останатите околу вас. Бидете задоволни со себе и сѐ ќе биде во ред.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ