Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Денес ќе биде добро да се обидете да бидете флексибилни, да го облечете зборот како ракавица и да откриете колку добро ѝ стои на вашата рака: убавината на нејзиниот изглед зависи од вашата воља да откриете дека трошите преголема енергија на неважни дејства. Работите се многу попрозаични и сѐ е работа на перспективата.

БИК: Практични и приземнети, откривате како целиот свет се врти околу тоа да бидете убедени дека со конзумирањето ќе постигнете среќа: гонејќи ги овие ветер и магла, човек се наоѓа изгубен и без најважната состојка од својата личност, а тоа е неговото себство. Ќе го вратите својот духовен мир откако ќе одлучите да поставите сопствени стандарди.

БЛИЗНАЦИ: Безусловната љубов е едниствен начин да постигнете среќа: таа не бара ништо за возврат, а ги смирува сите човечки несигурности. Имајте храброст да се соочите со шанса со која што би доживеале чудо: не плашете се и не повторувајте ги минатите шеми и несигурност. Хармонизирајте се со својата околина и славете го животот: помогнете некому!

РАК: Можеби имате добри намери и сакате да изненадите некој, давајќи му некаков дар или финансиска поддршка, но добро е да се запрашате какви се вашите вистински мотиви: дали позади сето ова се крие неразјаснета инфантилна состојба или болест, која што бара посериозен пристап? Дали вие управувате со судбината или таа ве управува вас? Искреност.

ЛАВ: Повторно се враќате на почетокот, запрашувајќи се дали вашиот брод плови во саканиот правец: можеби сега конечно ги разбирате работите превземени од пред околу три недели. Секој човек има своја цел во животот, со која што ги развива своите таленти: не плашете се да ги чуете одговорите на потсвеста, бидејќи тука ќе ја откриете својата уникатност.

ДЕВИЦА: Денес имате необична способност да се наштимате со својот внатрешен глас и на тој начин да го откриете својот уникатен пат: сега добро разбирате дека илузијата е послатка и примамлива од постоечката реалност и ќе се стремите да поставите нови стандарди. Најдете време да слушате музика, да запеете или заиграте, откривајќи дека сѐ има свое темпо.

ВАГА: Ако не сте птица, не ширете ги своите крилја залудно: точно е дека постои љубов на прв поглед, но за да постигнете среќа, ќе треба да го откриете сопствениот пат, оставајќи ги зад себе дури и кралевите. Тоа сега е мудро и штом засвети вашата ѕвезда, ќе откриете дека е добро да размислувате вон контекстот на заедницата. Шанси за успех!

СКОРПИЈА: Соочете се со надворешниот свет, прашувајќи се во што навистина верувате: применувајте ги личните принципи во реалноста и ќе постапите добро. Ако проблемот останува да се провлекува, ќе треба да смените стратегија: можеби за сега разумот не може да ги прифати фактите и шаблоните се повторуваат: штедете ја силата и не лутете се без причина.

СТРЕЛЕЦ: Зад вас е еден среќен период, во кој што уживавте срдечно со пријателите, но доаѓа до промена и секој треба да појде по сопствениот пат: реставрирајте ја својата сила, прашувајќи се што е она што навистина ја храни вашата душа. Повторувајте си дека секој ден сте сѐ подобри и поблиску до саканата цел и дури и да не ви се верува, тоа и ќе се случи!

ЈАРЕЦ: Погледнете се со саканите очи во очи и откријте што ве поврзува на подлабоко ниво: ова е ден со убави планетарни влијанија, затоа искористете го во планирање и креирање на финансиска рамка за непосредната иднина. Потсетете се дека е добро да ги прославите материјалните успеси и ќе постигнете духовен мир: сега знаете да штедите.

ВОДОЛИЈА: Не дозволувајте си потиснатиот бес да еруптира, покажувајќи ја вашата огорченост и скриени мотиви: можеби ќе треба уште некое време да објаснувате зошто сега сте токму тука, а не онаму каде што сте планирале да стигнете, но ако самите не си верувате, нема да ги убедите ниту другите. Секој има слобода на избор: како избирате вие?

РИБИ: Запрашајте се добро каков е квалитетот на вашите мисли: ако се мрзите или се презирате, постојано ќе доаѓате до негативни вести. Зацртајте нова слика во огледалото на вашето битие и не гледајте што се случува со светот, туку фокусирајте се на сопствената вистина: повторувајте си дека вашиот свет се грижи за вас и тоа ќе стане вистина.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]