Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Зад вас се луѓе што може да имаат погрешни уверувања: интимни или професионални. Бидете многу внимателни и интуитивни во однос на животниот стил, а особено со новостечените познанства. Комплицираните ситуации ќе најдат начин да се разјаснат самите од себе, без оглед колку ќе треба да чекате. Нови договори.

БИК: Месечината во Риби ви носи нови пријателства, како и нови ангажмани на работен план: ќе треба да се збогувате со дел од минатото, знаејќи дека ве очекува нешто сосема ново, за кое што сега немате никаква претстава. Бидете истрајни и работете вредно, проучувајќи ја внимателно природата на нештата. Започнување на нова фаза.

БЛИЗНАЦИ: Планетите во Риби имаат конфузно влијание: се обидувате да дејствувате, но нешто ве враќа на самиот почеток. Можеби се плашите да се соочите со вистината и не сакате да ја анализирате подлабоко: желбите, болката и аверзијата се поврзани со физичкиот свет, а тој е краткотраен. Прашајте се добро што сакате.

РАК:Иако работите се менуваат забележливо, сепак е потребно уште малку време за конечниот проект: разберете дека тука сте само патник, затоа имајте поголема верба и препуштете им се на повисоките сили да ве водат. Нема потреба од форсирање и преземање на непотребни ризици, сега е потребно да сте истрајни и да не се плашите повеќе.

ЛАВ: Марс во Близнаци ви носи средби со луѓе кои се фундаментално различни од вас: секоја ситуација е постепен развој кон подобро. Можеби ќе патувате или ќе сакате да се селите, но најважно е да поработите на својот однос со другите: неважните односи ќе останат во минатото и вие ќе го смените својот лик и дело.
Имате поддршка.

ДЕВИЦА: Добар период за воспоставување на нови партнерства, работни проекти и економски развој: искористете го овој поволен момент за да ја проширите својата работа! Сè што се случува на емотивен план е со романтична нота и постои голема љубов меѓу вас и саканите. Бизнисот цвета и можен е екстра прилив на финансии.

ВАГА: Денес ќе успеете да ја реставрирате својата самодоверба: бидете рационални и застапувајте се подобро. Можеби ќе се соочите со некој опонент, но запрашајте се дали ви е потребна конфронтација: нема потреба да се инаетите! Повлечете се и истражувајте повеќе во доменот на духовното и најдете ја својата внатрешна сила. Истрајте.

СКОРПИЈА: Сега ве водат силни нагони: имате потреба за регенерирање на сопствената сила, со што ќе дојдете до радикални промени. Ова доаѓа сосема природно и нема потреба да се наметнувате, туку само да ги следите знаците кои се повеќе од очигледни: додека другите се слепи за нив, вам ви се исклучително јасни! Верувајте повеќе.

СТРЕЛЕЦ: Фокусирајте го своето внимание дома и обидете се да разберете што се крие во овие нејасни услови: дали некој се обидува да ве имитира или пак вие се китите со туѓите перја? Бидете крајно внимателни и прашајте се дали сте доволно осигурани: потпрете се на саканите и користете ги своите уникатни таленти и вештини. Волшебни креации!

ЈАРЕЦ: Периодот на темнина завршува: сите оние кои се влечкаа зад вас, таму и ќе останат! Сите нејаснотии полека се разјаснуваат и животот добива нова димензија: вашите напори не се залудни, бидејќи добрите дела секогаш носат добар плод. Порано или подоцна, сè си доаѓа на своето место: има место за радост и среќа. Уживајте!

ВОДОЛИЈА: Цврста врска, со која што ги постигнувате своите идеали: можеби бавно, но работите се одвиваат во сопствено темпо. Успех на работен план, кој ќе бара дополнителен напор, а кој што ќе биде забележан од страна на другите. Адаптирајте се добро кон претстојните промени и бидете трпеливи и истрајни. Финансиски фидбек.

РИБИ: Не им дозволувајте на емоциите да ви ја замаглуваат визијата: токму што одлучивте како понатаму, одеднаш се соочувате со тешкотии во своите блиски врски. Некои решенија ќе почекаат подобро време, а тоа е најдобро за сега: во вас лежи почетокот и крајот на оваа приказна, затоа поработете на себе подобро. Повторувања.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]