Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Иако работите се чинат едностави, тие сепак се комплексни: во исто време напредувате, но сте и спречени да делувате според вашите желби. Безбројни контрадикции, како и парадокси кои бараат од вас да ѝ се препуштите на судбината. Месечината во Стрелец ќе ве подучи од кои активности да се откажете и да стекнете мудрост.
БИК: Денес ќе откриете дека не мора сѐ да знаете однапред: препуштете му се на времето и верувајте повеќе. Со истрајност ќе дојдете до саканата цел и убави награди: правите кармички конекции, чии закони за сега ви се непознати, затоа бидете спремни однапред и соработувајте. Пронаоѓате љубов за себе преку очите на друга личност. Заедништво.
БЛИЗНАЦИ: Откажете се од работите што ги контролирате, за да победите на нови полиња: така ќе постигнете слава и божествено разбирање. Чекајќи на своето време, ќе може да постигнете многу нешта, но не претерувајте во неработењето бидејќи ќе станете мрзеливи: тоа е порок кој што сам по себе е казна. Надежта наутро е слатка, но навечер е горка.
РАК: Продолжувате со претставување на својата компетентност, надевајќи се на финансиски фидбек или нешто уште поважно: информација од вреден карактер. Соработувајте со тимот, организирајте ги средствата и ќе бидете сведоци на прекрасни форми, кои што се појавуваат од ведро небо! Судбински средби кои ќе ви дадат крилја и нов правец.
ЛАВ: Иако ги имате потребните алатки за постигнување на целта, сепак е можен колапс и она што сакате да го постигнете сега не може да биде остварено. Внимавајте на опсесивноста, нервозата и провокациите за да не дојде до катастрофа. Така може да ги отуѓите другите од себе и да изгубите енергија. Отфрлете ги нереалните планови!
ДЕВИЦА: Денес ќе откриете дека е забавно да се биде флексибилен: жонглирате и добро ги поднесувате барањата на судбината. На секој дел му оддавате нужен респект и зрачите со задовлоство: разбирате дека реалноста е водена од небесна слава и натприродни моќи и со тоа ги надминувате своите дилеми. Посветени на повисока цел, доаѓате до моќ!
ВАГА: Сонцето во Бик ви открива тајни со кои што може да дојдете до богатство и заслужена чест: бидете ѝ благодарни на природата што ве дарува толку широкоградо и оставете го минатото зад себе. Колку и да е неразумно, сега ве води интуицијата и нема потреба да шпекулирате: препуштете се на овој ритам и ќе постигнете внатрешен мир.
СКОРПИЈА: Ова е момент кога по брзата динамика треба да направите пауза, да дојдете до здив и да го анализирате сработеното: дали сте сѐуште на својот курс и дали ги добивате саканите резултати? Едно е сигурно, а тоа е дека ќе треба да ги намалите своите очекувања и да ја смените перцепцијата: огледалото кое што го користите е само лично ваше!
СТРЕЛЕЦ: Зрачите со аура на просперитет која што ги придружува жените и мажите кои што имаат силно влијание, обично од бизнис сферата: сега не е време за радикални чекори, туку за веќе испробаното и она што функционира. Ги игнорирате непостојаните феномени во овој свет и откривате нови аспекти од својата душа. Добар тајминг.
ЈАРЕЦ: Сега разбирате каде се направени грешките: се стремите да постигнете нешто што ви е вон дофат и што е неизводливо. Едно е сигурно, а тоа е дека треба да се адаптирате: дури и да сте сто пати во право, нема ништо да постигнете ако се убедувате со останатите, туку само ќе ја губите силата. Признајте ги грешките и продолжете напред. Без жалење!
ВОДОЛИЈА: Бидете чесни и соочете се со фактите: размислувајте за потешкотиите како за начин преку кој што ќе постигнете личен интегритет, резон и вистинољубивост. Дозволете му на духот да расте и открива, учејќи активности од секаков вид: така ќе го продлабочите говорот, меморијата и постојаноста, постигнувајќи респект кај останатите.
РИБИ: Можеби минавте низ неколку битки, но сѐуште стоите: повредени, но не и поразени, разбирате дека треба да продолжите поинаку. Сетете се дека иако летате во јато, сепак секоја птица го лета сама свјот лет и бидете вредни при искачувањето по скалилата до небесата: не го наметнувајте своето влијание, истрајте, утре е нов ден!
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ