Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Во домашните услови сте посветени на личните теми: љубов, среќа и слободно време. Можеби очекувате пари, кои ќе стигнат во свое време. На работен план сте исполнети и тука се занимавате со финансии кои се сосема неочекувани: позитивни изненадувања пријатели, ретко кога се случува вакво нешто! Најдете време да се одморите и да штедите.

БИК: Вашите желби може да се остварат само ако вложите дополнителен напор: во работата се отвораат нови шанси, за кои што треба да се потрудите малку повеќе. Месечината во Рак ви нагласува да не бидете премногу засегнати со емоциите и да говорите умерено. Ова е исклучително важно време и сега учите да имате поголема смисла за хумор.

БЛИЗНАЦИ: Минатото и иднината се испреплетуваат на некој невообичаен начин: се прашувате која е вашата улога во сето тоа? Дали го постигнавте саканиот баланс? Постои доза на нервоза и за момент губите храброст: соочете се со своите стравови и погледнете ја шемата по кои што се одвиваат работите. Имајте поширока перспектива и визија.

РАК: Доминантна машка фигура, која што ви влева сигурност: време е за консултации, дома и на професионален план. Средба со надредените и договори на различни теми и доаѓате до нови информации кои што ќе ве израдуваат. Комуникацијата со саканите е одлична и тоа се рефлектира на сите сектори во животот. Уживајте во овие ретки моменти!

ЛАВ: Соочени со својата инспирација, разбирате дека првата љубов е слична на снегот: ретко кога се задржува. Можни се промени во романтичните односи, но тие се со привремен карактер. Откако ќе го отстраните непотребното, ќе доживеете екстаза! Никој не е роден да живее сам, затоа не се осамувајте долго. Самоконтрола.

ДЕВИЦА: Пред вас се крупни промени, кои бараат да ги напуштите сите оние кои што го кочат вашиот развој: луѓе, околности, ситуации, но така се стекнува мудрост. Бидете храбри и соочете се со потенцијалните тешкотии, вежбајќи ја меморијата: изострете ги сетилата и ќе успеете да ја видите иднината. Свртете се кон внатрешниот свет.

ВАГА: Ова е период кога размислувате за своите романтични врски: како да ги унапредите и продлабочите. Обрнете поголемо внимание на потребите во домот и разберете ја важноста на слободното време: ако не наоѓате среќа дома, нема да ја најдете ниту надвор. Неочекуван финансиска награда, како и можно наследство. Убави изненадувања.

СКОРПИЈА: Штом една животна фаза завршува, веднаш започнува нова: така се врти тркалото на животот и нема враќање потоа. Треба да ги отфрлите старите облици на однесување и да имате подобар слух за сиромашните. Моќта се состои во тоа да се користи мудро и не треба да се плашите од промените. Забрзајте ги овие процеси.

СТРЕЛЕЦ: Поддршка од искусна личност: љубезна и весела, ќе ви покаже како да стекнете економска независност. Луксузен и пријатен период, во кој што сте ангажирани во научни потфати: сега нема место за незнаење, затоа добро осмислете ја секоја реченица. Не се ставајте на прво место и ќе сфатите дека работите напредуваат извонредно!

ЈАРЕЦ: Време е за голема трансформација, за која што не треба да правите големи напори и да влијаете врз ситуациите. Ќе научите дека добриот родител им дава на ист начин храна на сите деца, па така и на сопственото, иако на поинаков начин. Време е да се соочите во партнерствата и да соработувате како еден тим. Во тоа лежи вашата сила.

ВОДОЛИЈА: Невниманието може да ве чини скапо: не дозволувајте силните страсти да ве понесат и да направите погрешни заклучоци. Надминете ги страстите со знаење и не провоцирајте љубомора кај другите луѓе. Ова е време кога пријателствата ќе минат низ промена: пријателите стануваат непријатели и обратно, но ќе откриете кои се вистинските луѓе!

РИБИ: Сегашната состојба е пријатна: успеавте да завртите нов лист во животот разбирајќи како се лажевте самите себе. Можеби сте малку несигурни, но сепак знаете дека треба да направите простор за нови работи во интимата: нема бегање од минатото ниту од иднината, затоа бидете фокусирани на сегашноста. Без летаргија. Медитација.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]