Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Еден циклус завршува и сосема нов започнува: замижете пред туѓите несовршености и започнете да инвестирате во новите проекти. Практични и сензитивни, знаете точно како да се изразите и со совршена смиреност да го постигнете саканото. Вашите инстинкти се безгрешни и зборовите имаат неверојатна длабочина. Среќа.
БИК: Дојдени сте до точка од која што повеќе нема враќање: едноставни и прагматични, знаете како да ги развиете идеите со прогресивен карактер. Потребна ви е малку љубов, слобода и надеж и ќе процветате како лотус: од барата на незнаењето, до светлината на доблеста. Откривате дел од себе, за кој што не знаевте дека постои.
БЛИЗНАЦИ: Поддршка од пријателите и сугестии за животниот стил: не брзајте при дебатите, туку развијте похуман концепт и надминете го незнаењето. Месечината во Рак ќе ве научи подобро да ги цените работите во животот и да бидете сочуствителни. Осаменоста може да ве научи да бидете покреативни и така да дојдете до врвни резултати.
РАК: Вашите емоции се нагласени, но тоа не значи дека треба да ги изразите јавно: би можеле да бидете повредени: Најдобро ќе биде да ја смените перспективата и да ги направите неопходните промени пред претстојната битка. Искусни и мудри, не можете да гледате како другите страдаат, затоа ќе најдете начин како да се ослободите од неправдата.
ЛАВ: Уран во Бик настојува да ги претставите своите таленти во ново светло: можеби ќе треба поупорно да се завземете за себе и да најдете нов начин да ја изразите својата сјајна страна, а потоа ќе може да се одморите од сета трка. Промени во следните неколку месеци, во кои што ќе успеете да ја обновите силата и да направите нови потфати.
ДЕВИЦА: Пријателите ве исполнуваат со необочно задоволство и романтичен занес, но ќе треба да внимавате на работен план и да влечете вешти потези. Нема потреба од малодушност, ниту од задоволство: бидете непристрасни и ќе научите многу за природата на животот. Почитувајте ја личната вистина и повлечете се да се одморите. Сега сте мудри.
ВАГА: Не е сѐ така црно и знаете дека треба да продолжите со животот: денес се појавуваат нови шанси за брзо решавање на сите спорови. Во вас лежи клучот на сите прашања, особено за оние од вечна природа, со чии што одговори ќе дојдете до ослободување. Така ќе го вратите и своето достоинство и углед во општеството. Супериорност.
СКОРПИЈА: Соочување со отворена нечесност и делување според сопствените интереси: надминете ја тагата и продолжете напред. Верувајте дека сте водени од повисоки сили и ќе успеете да научите нешто ново, надминувајќи го својот страв. Споделете го она што го имате со другите и ќе постигнете мир: средба со пријателите од минатото. Романса.
СТРЕЛЕЦ: На ред е да ги откриете ретките таленти и проекти на кои што работевте минатите месеци: сега сте ученик и учител, познавач и самото знаење и така ја откривате својата уникатна природа. Пред вас се отвораат надземски искуства во следните месеци, во кои што ќе научите многу тајни знаења: на тој начин ќе се ослободите од стравовите.
ЈАРЕЦ: Под постојан притисок и откривање на болната вистина, ќе најдете нова љубов вртејќи му грб на минатото: средба со јавна личност, која што има богато искуство, но и ресурси, а која што ќе ви помогне да го остварите својот сон. Тој не е толку неостварлив, само ви е потребна подобра организација, а не совети. Водете сметка за важните работи.
ВОДОЛИЈА: Внимателно го тестирате пулсот на новите трендови: иако страсно загреани за некоја идеја, треба да сте повнимателни при нејзината имплементација. Без измами и интриги, тие не му доликуваат на вашето хуманистичко реноме, животот е прилично интересен и без заткулисни игри и дофрлувања. Грижете се за тимот како родител.
РИБИ: Времето за чест и славољубие е зад вас: учите нови методи како да се претставите во светот, но потребна ви е поддршка од пријателите за да не завршите како маченик. Ноншалантноста може да ве чини скапо, така што ќе треба да ги менувате своите навики, особено во љубовта. Без параноја, пред вас се важни судбински промени.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ