Холандскиот амбасадор му најавил на Ахмети вето ако се меша во Врховниот суд


 

Амбасадорот Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ,Али Ахмети, за да ја пренесе пораката дека по двегодишен постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар.

Во соопштението објавено на Фејсбук страницата на амбасадата стои исто така дека е неприфатливо несоодветното политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд, што е судска работа и ќе предизвика силна реакција од Холандија.