Холандија ќе убие 71.000 кокошки поради птичји грип

Холандија ќе убие околу 71.000 кокошки на фарма на северот од земјата откако таму беше откриен птичји грип, соопшти владата. Ова е прва епидемија на болеста во Холандија од март оваа година, објави Ројтерс.
Владата сè уште не вовела мерка за чување кокошки во затворен простор низ целата земја, нагласувајќи дека случајот на северот од земјата не бара таква мерка. Сепак, експертска група за болести кај животните наскоро ќе се состане за да го процени моменталниот ризик.
Вирусот на птичји грип почна да се шири низ Европа кон крајот на август, а Норвешка, Германија, Португалија, Полска и Бугарија пријавија негова појава. Кон средината на јули, болеста се појави и на фарма за мисирки во Шпанија.
Птичјиот грип обично се шири меѓу живината во Европа на почетокот на есента, забележува Ројтерс.