Украина од Холандија ќе добие ракетен систем „Хоук“ во вредност од 150 милиони евра


Хаг – Украина ќе добие систем за противвоздушна одбрана за пресретнување на дронови и крстосувачки ракети од Холандија. Ракетниот систем „Хоук“, кој чини 150 милиони евра, би можел да ги надополни понапредните системи „Патриот“. На Украина итно и требаат ракети земја-воздух и го побара системот „Хоук“, изјави холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс. 

„Она што и треба на Украина е повеќеслојна воздушна одбрана“, објасни Брекелманс.