„Хјуман рајтс воч“: Влошени животните услови на мигрантите во Германија


Животните услови на мигрантите и нивните потомци во Германија е влошени, се наведува во годишниот извештај на организацијата за човекови права „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ).

– Зголемувањето на регресивните политики за миграција и азил, злосторствата од омраза и говорот на омраза, како и ограничувањата на слободата на изразување и собирање, предизвикуваат сериозна загриженост – се наведува во извештајот на ХРВ.

Според истражувачката на ХРВ за расизам, Алмаз Тефера, забележано е дека сè повеќе германски демократски партии ја прифаќаат реториката на ултрадесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), која се залага за построги закони за имиграција.

Таа потенцира дека е штетно да се делат мигрантите на „проблем“ за општеството и на „добри мигранти“, кои напорно работат во Германија.