Хаос на границата на ЕУ: Мигранти ја срушија оградата и влегоа во Полска


Две големи групи мигранти наводно успеале да ја пробијат оградата на границата на Белорусија со Полска.

Неколку десетици луѓе успеаја да ја срушат оградата во близина на Кринки и Бeловец и да ја преминат границата, јави полската агенција ПАП повикувајќи се на локалната радиостаница „Бeалисток“.

Портпаролот на пограничните сили вели дека во двата случаи оградите на границата насилно се урнати.

Некои мигранти се одведени во Белорусија, додека други успеале да побегнат, вели таа.

Видео-снимките покажуваат луѓе од белосрускастрана на границата со Полска, на која е подигната бодликава жица. Некои од нив се обидуваат да се пробијат на другата страна користејќи се со алат за сечење жица, трупци од дрвја или со заедничка сила, додека од другата страна полските чувари се чини користат солзавец за да ги спречат во обидите.

Многу мигранти се млади луѓе, но има и жени и деца, главно пристигнати од Средниот Исток и од Азија. Сместени се во шатори на подрачјето на Белорусија, стиснати меѓу полските чувари од една страна и белоруските од друга страна.

Температурите во текот на ноќта се спуштаат под нула и последните недели од студеното време починаа неколку луѓе.

Полска одбива да ги прими мигрантите на своја територија, па последните недели прати стотици припадници на своите безбедносни сили и на границата подигна ограда со бодликава жица, во обид да спречи мигрантите да влезат наво Полска.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко побара во вторникот на мигрантите да им се овозможи да влезат во Полска. Во интервјуто рече дека повеќето од нив сакаат да продолжат понатаму во Германија.

Европската унија го обвини Минск дека им помага на мигрантите да дојдат до надворешните граници на Унијата во Полска, Латвија и Литванија во знак на одмазда за западните санкции воведени за Белорусија поради политичката репресија над белоруската опозиција.