Хакираната страница е потсетник на сајбер заканите, соопшти ОБСЕ


 

„Официјалната Фејсбук страница на Мисијата на ОБСЕ во Скопје беше неодамна хакирана. Веќе ги презедовме сите неопходни чекори за да го пријавиме нападот кај менаџерскиот тим на Фејсбук и додека истиот не се реши, сите објави или пораки добиени од хакираната страница не се авторизирани од ОБСЕ“, соопшти ОБСЕ.

„Овој инцидент е уште еден потсетник за  сајбер заканите во денешното дигитално доба, кои без исклучок ги погодуваат приватните бизниси, владата и меѓународните организации“, стои во соопштението на ОБСЕ.

Фејсбук страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје вчера беше хакирана.

„ОБСЕ потврдува дека фејсбук-страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје е хакирана. Ве молиме имајте предвид дека сите пораки кои доаѓаат од тој профил до понатамошно известување не се авторизирани од ОБСЕ“, беше наведено од ОБСЕ.

По хакирањето страницата на Мисијата на ОБСЕ во земјава е преименувана во „Đỗ Thị Thanh Tâm“.

Во 2023 година Македонија претседава со ОБСЕ.