Хаг: Нема докази за вмешаност на Хезболах во убиството на либанскиот премиер Рафик Харири во 2005 година
Специјалниот суд за Либан во Хаг денеска заклучи дека нема докази дека проиранската шиитска паравоена милиција Хезболах била вмешана во бомбашкиот напад во 2005 година во кој загина поранешниот либански премиер Рафик Харири.
Специјалниот суд за Либан изрече пресуда во судењето на четворица членови на организацијата Хезболах, кои се обвинети за заговор за убиство на Харири и 21 други лица, пренесуваат британските меидуми.
„Судот е на мислење дека Сирија и Хезболах можеби имале мотив за атентат врз поранешниот либански премиер и неговите политички сојузници, но нема докази за да го поддржат тоа“, рече судијата Дејвид Ре читајки делови од пресудата.