Гвардиола прв избор на ФА за испразнетото селекторското место на Англија
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) може да го покани Шпанецот Пеп Гвардиола, кој е на чело на Манчестер сити, на местото селектор на националниот тим.
Според „The Independent“, ФА е подготвена да му понуди на Гвардиола позиција во репрезентацијата на Англија доколку тој го напушти Сити во 2025 година.
Вчера Герет Саутгејт поднесе оставка како селектор на националниот тим. 53-годишниот фудбалски стручњак ја предводеше Англија од септември 2016 година. Под негово водство Британците одиграа 102 натпревари, извојуваа 64 победи, 20 пати ремизираа и загубија на 18 средби.
На Евро 2024 Англија го загуби финалето од Шпанија со резултат 1:2.