Гувернерот Славески очекува инфлација пониска од три проценти во наредниот период

Народната банка останува на очекувањата дека ќе продолжи трендот на намалување на стапката на инфлација и дека во наредниот период таа ќе биде пониска од три отсто, а на среден рок дека ќе се вратиме на ниво од два процента.
– Нашите очекувања се дека трендот на намалување на стапката на инфлација ќе продолжи. Секако, тоа не зависи само од инструментите на Народната банка, туку и од фисклната политика која, сега засега на некој начин е во рамки на стабилизирање на инфалцијата. Очекуваме и посакуваме во наредниот период стапка на инфлација пониска од три отсто, а на среден рок во период од две години да се вратиме на историските нивоа што ги имавме односно на стапка на инфлација од околу два проценти како во еврозоната, изјави денеска гувернерот Трајко Славески.
Државниот завод за статистика измери дека стапката на инфлација во август бележи месечна промена од минимални 0,2 проценти, а зголемувањето на годишно ниво е 4,4 проценти.