„Гудјиар“ ќе го продаде „Данлоп“ на јапонски „Сумитомо“


Американскиот производител на автомобилски гуми „Гудјиар“ (Goodyear) ќе го продаде брендот „Данлоп“ (Dunlop) на јапонската компанија „Сумитомо“ (Sumitomo Rubber Industries).
Договорот од 701 милиони долари се очекува да биде затворен до средината на годината, објави „Гудјиар“.

Продажбата го вклучува брендот „Данлоп“ и неговата интелектуална сопственост во Европа, Северна Америка и Океанија, ја резимира пораката на компанијата германската новинска агенција Дпа.

„Гудјиар“ ќе продолжи да произведува, продава и дистрибуира гуми „Данлоп“ до потрошувачите во Европа најмалку до 31 декември. Договорот автоматски ќе биде продолжен за уште една година, до 31 декември 2026 година, освен ако двете страни меѓусебно не се договорат за негово предвремено раскинување.

После тоа, „Гудјиар“ ќе испорача одредени гуми „Данлоп“ на „Сумитомо“ во Европа на пет години, со минимална набавна количина од 4,5 милиони гуми во тој период.

Дополнително, „Гудјиар“ ќе добие лиценца од „Сумитомо“ за брендот на гуми „Данлоп“ за комерцијални камионски гуми во Европа. „Гудјиар“, исто така, ќе ги задржи правата на брендот „Данлоп“ за својот бизнис со гуми за мотоцикли во Европа и Океанија, според Дпа.